Meditation

7 Медитативни мантри за млади: Седете мирно, поместувајте планини

Сите авантури во животот на личноста се концентрирани нормално во неколку години, помеѓу 16та и околу 25та година. Неопходно е да научиме да јаваме на бурите и да се искачуваме на висините. Се прават избори, се кажуваат зборови, акциите се превземаат побрзо од брзината на мсилата и од суштинско значење е првиот пат да го направиме на вистински начин. Нашите пријатели се нашиот најблизок круг на влијание и најголемиот извор на нашата радост. Во таква фаза од животот медитацијата може да биде нашиот најголем сојузник.

#1 Станете Г-дин/Г-ѓица Дружељубив/а

„Бев многу агресивен и насилен, во колеџот често запаѓав во тепачки. Немав пријатели. Немав идеја како да си помогнам на себе си. Медитацијата ме смири. Сега имам многу пријатели за кои се грижам и повеќе не сум насилен.“ – Раџеш Наир

По природа, секој човек е пријателски настроен. Ако не сме пријателски настроени, тоа е поради стрес и тензија.Медитацијата помага да се намали стресот и ни помага да процветаме до нашиот целосен потенцијал. Спријателувањето и задржувањето на пријателите станува полесно. Водењето грижа за другите станува нашата втора природа.

#2 Направете вашите соништа да се остварат

„Сакав да бидам пејачка, имав големи амбиции, но секогаш се сомневав во моите способности. Со редовно практикување медитација добив доверба дека можам да го направам тоа. Денеска сум во музички бенд кој има изведби скоро секоја недела.“- Саџал Џаџу

Како млади сакаме да го допреме небото со нашите соништа и амбиции. Медитацијата ни обезбедува сила и доверба да веруваме и да ги раснеме овие соништа во реалност.

#3 Размислувајте надвор од кутијата

„Со секојдневно практикување на медитација откривам нови таленти во мене. Во состојба сум да го  допрам полето на креативноста во мене и да размислувам надвор од кутијата. Медитацијата додава Х Фактор на било што што правам сега“- Дивиа Сахдев

Кога одиме во продавница за мобилни, сакаме да го одбереме најбараниот модел бидејќи тој ги засенува другите вообичаени модели. Кога медитираме, креативноста се буди и способни сме да размислуваме на нов начин, да размислуваме поразлично и да ја делкаме сопстената ниша без напор.  

#4 Ништо не може да ве растресе

„Порано се вознемирував поради однесувањето на другите и поради непријатните ситуации кои се појавуваа во мојот живот, но од кога медитирам редовно лесно прифаќам сè што ќе дојде на мојот пат“- Каран Рој

Кога сме млади често сме вознемирени поради непријатните ситуации кои се појавуваат во нашите животи. Понекогаш изгледа дека овие проблеми и премногу не ожалостуваат и предизвикуваат  болка кај нас. Медитацијата носи внатрешен мир и чувство на прифаќање, кое што помага при справување со тешки ситуации со смирен ум. Исто така, таа носи поголемо чувство за одговорност и ни помага да се развиеме во подобри индивидуи. Не можеме да го контролираме дождот, но можеме да продолжиме напред со поголема доверба кога со нас имаме чадор. Медитацијата е како чадор во тешки времиња.

#5 Бидете „хај“ со помош на медитација

„Седум години пушев цигара по цигара. Еден пријател ми предложи да научам да медитирам. После редовно вежбање на Сахаџ Самади (Sahaj Samadhi) медитациа бев во состојба целосно да се откажам од пушењето. После дневната медитација, се чувствувам исто така „хај“ како после пушењето“- Арџит Синг

Медитацијата помага да се откаже и да се намали пушењето со тоа што дејствува како постојана замена. Медитацијата е природен начин да се чувствувате „хај“, без да ја губите свесноста или здравјето. Медитацијата едноставно го ослободува умот од секој копнеж или потреба за пушење, пиење или било какво друго однесување на зависност. Значи, престанете да пушите и почнете да живеете!

#6 Канализирајте ја вашата енергија

„Од кога почнав да медитирам, за време на денот се чувствувам многу поентузијастички и поенергично. Во состојба сум да правам повеќе креативни работи, а исто така и активности со кои служам“ – Сакши Верма

Кога сме млади, ние сме океан од енергија, ентузијазам и креативност. Медитацијата ни помага да ги истражиме длабочините на нашиот сопствен потенцијал. Стануваме поиновативни и подинамични и сме во состојба да ја канализираме нашата енергија во правење на креативни и позитивни нешта.

#7 Бидете во мир со родителите

„Медитацијата ми помогна да изградам неразделна врска со моите родители.Сега сите ја делиме нашата среќа и проблемите едни со други. Заедничкото медитирање ја прави нашата врска уште поспецијална.”- Абхишек Давар

Кога медитираме во состојба сме да комуницираме со нашите родители мирно и вешто. Ова ја намалува комуникациската празнина помеѓу нас. Медитацијата исто така ни помага да станеме посвесни и повешти во правењето на изборите кои што прават компромис помеѓу нашите желби и советите од родителите

Базирано на придонесот од Шреја Чуг и Раџендра Синг. Шреја и Раџендра се предавачи на работилниците за млади во Уметност на живеење низ целиот свет, и имаат предизвикано трансформација во животите на илјадници млади луѓе учејќи ги како да медитираат.