Развој на личноста

"Во целото постоењето  на универзумот, немало никој како тебе, и во бесконечноста што доаѓа, нема да има некој како тебе. Ти си единствен. Ти си реткост. Ти си посебен. Слави ја твојата посебност."
– Шри Шри Рави Шанкар 

Повторно откријте го вашето фасцинантно постоење 

Сте забележале ли дека кога дете ќе влезе во просторија, сите се привлечени од неговото едноставно присуство. Детето не треба да направи никаков напор. Се се случува природно. Ние повеќе кажуваме преку нашето присуство, отколку со нашите зборови. Но како што растеме, некако пропуштаме да се грижиме за овој возвишен аспект од нашите животи. Нашето присуство слабее, бидејќи безброј впечатоци од нашите минати искуства се таложат, попречувајќи го нашиот ум..

Како да си ја повратиме таа детска свежина, дружељубивост и природност во нашите животи? Ова е возможно преку едноставната но моќна техника на дишење Sudarshan Kriya. Техниката помага да се исчистат различни нивоа на нашето постоење, започнувајќи од нашето тело па се до суптилните слоеви на нашето битие, од стресот и  поранешните искуства, враќајки  ја нашата убавина и присуство. 

Колку брзо посакувате успех?

Секој сака да биде успешен во животот. Но дали успехот е само да се има голема сметка во банка и луксузен живот? Некој може да има голема банкарска сметка , но ако телото се разболи, тој не може да ужива во тоа што го има. Многупати, луѓето трошат половина здравје за да стекнат богатство, а потоа  трошат половина богатство за да си го повратат здравјето. Дали е навистина ова успех?

Замислете си состојба во која вашите проблеми престануваат да бидат проблеми, и добивате сила со насмевка да се соочите со истите и да ги претворите во можности. Зарем не  мислите дека ова е симбол за успешна личност?  Ова е тоа што техниките на Уметност на живеење може да ви го донесат.

Колку порано се истражите себеси преку јога, пранајама и медитација, толку побрзо ќе го забрзате успехот во сите аспекти на вашето живеење.

Станете стабилна внатрешна личност 

Книгите за знаење и самопомагање се лесно достапни насекаде – но тоа што книгите не можат да го пренесат е личната харизма, присуството, пријатната и дружељубива атмосфера што личноста ја носи заедно со себе. Древните вештини на пранајама и медитација што се изучуваат во програмите на Уметност на живеење ја збогатуваат харизмата, возвишувајќи го духот, интуицијата, креативноста, ентузијазмот, интелигенцијата и ја зацврстуваат вашата личност.

Се стекнувате со смелост и способност да постигнете се што сакате во животот со непоколеблива насмевка. Ова влијае и на луѓето од вашето опкужување,  кои во вас започнуваат да гледаат  инспирација.

Personality Development

 
Founded in 1981 by Sri Sri Ravi Shankar,The Art of Living is an educational and humanitarian movement engaged in stress-management and service initiatives.Read More