Уметност на медитација

Уметност на медитација (УМ) е моќна но сепак не напорна техника која овозможува свесниот ум да доживее тишина, длабоко во неговата природа. УМ уште е позната и како Сахаџ Самади. Сахаџ, на Санскрит значи не напорно, а Самади е тишина, но сепак активна состојба на свесност која лежи во изворот на мислата – состојба надвор од движењето, спиењето и сонувањето, која е неограничен резервоар на енергија, интелигенција и творечка сила и место на бесконечен мир и спокојство.

При практикување на медитација, умот не напорно ја доживува оваа состојба на самади. По завршувањето на медитацијата ќе забележите дека се чувствувате исполнети со енергија, јасност, креативност и можеби најважно од се, длабок внатрешен мир.

Медитацијата е едноставна ментална практика која може секој лесно да ја научи. Со само две 20 минутни сесии дневно, медитацијата ќе донесе длабока трансформација во вашиот живот. Ако мислите дека немате толку слободно време, не грижете се. Подобрената јасност на умот која се добива со медитацијата ќе ја зголеми вашата ефикасност и продуктивност и за да ја завршите работата ќе ви биде потребно помалку вложување на напор.

Иако Сахаџ Самади медитацијата лесно се учи, потребни се лични упатства од квалификуван учител. Не е нешто што може да се научи од книга. Сите учители по Сахаџ Самади медитација се квалификувани и лично обучени од Шри Шри Рави Шанкар на ригорозен тренинг за да можат да ја подучуваат оваа не напорна техника на прецизен и систематичен начин кој дава максимални резултати. Всушност, се подучува на истиот начин како што се изучувала и пред илјадници години низ долгата традиција на Учители.
Ве молиме контактирајте го вашиот локален учител за да ја дознаете датата на  следниот семинар по Сахаџ Самади медитација.

Upcoming Art of Living Courses

Minimum 1 km
Founded in 1981 by Sri Sri Ravi Shankar,The Art of Living is an educational and humanitarian movement engaged in stress-management and service initiatives.Read More