Yoga

Јогата помага да се смират нервите после караница

Начини да се создаде простор на смиреност со јога

Напишано од Мерилин Галан

Кога ќилимот ќе се протресе пред да биде исчистен подот, целата прашина се разлетува во воздухот. Одделувањето на време за нежна јога и дозволува на правта да се исчисти кога некој поминува низ било какви вознемирувачки инциденти. Добро време е да се впие мир и да се врати умот назад во тишина. Со јога техниките за дишење и неколку совети за да ги смирите нервите, останете центрирани во мирното око на бурата.

Практикување на јога техниките за дишење наречени пранајами

Јога техниките за дишење или пранајами ја создаваат животната енергија во телото. Едноставната јога вежба за дишење наречена „бастрика“ ќе ви помогне да се насмеете и да ја исфрлите нанадвор тензијата после караница. Јога здивот „ковачки мев“ енергично го турка здивот нагоре и нанадвор низ белите дробови, зголемувајќи го нивото на кислород во телото. Резултатот е посмирен и чист ум. Најдобро е да се учат пранајами од квалификуван учител.

Мерки за претпазливост: Оние со срцеви заболувања и глауком треба да ги изведуваат јога дишењата полека и нежно. При менструални болки исто така може да се дише пополека. Бремени жени не би требало да изведуваат бастрика; наместо тоа треба да дишат долго и длабоко. Контактирајте го локалниот учител за да се распрашате кои мерки на претпазливост треба да ги примените.

Водете дневник

Пишувањето во девник е одличен начин за да го смирите умот. Тоа е место за да ги изразите емоциите, мислите и креативните идеи. Вашиот дневник ќе прифати се. Еве една вежба: Напишете што ви доаѓа на ум, слободно без да се кочите. Во дневникот можете да зборувате отворено за работите со кои се соочувате и за вашите искуства после јога дишењето. Пишувајте слободно. Можете да откриете дека одредена мисла или идеа се развива во поезија или дури во кратка приказна.

Најдете ја креативната муза преку уметноста или музиката

Научете да свирите на музички инструмент или пуштете некоја смирувачка мелодија. Сликајте и цртајте додека музиката свири. Слушањето на позитивна, поткренувачка музика може моментално да ја трансформира бурата назад во сончево небо. Истражувачка студија ги испитувала ефектите на различни типови музика на цветни растенија. Цветовите пораснале два пати поголеми после три часа на ден слушање смирен џез и класична музика, додека растенијата изложени на рок музика израснале во болежливи.

Седнете и пејте во местото на јога и почит 

Да најдете јога заедница, наречена сатсанг е шанса да се опкружите со добри вибрации. На сатсанг, практикантите на јога се собираат во група за да пеат духовно воздигнувачки песни. Ова исто така би можело да биде госпел хор, хор во маалото или сатсанг во вашето локално јога студио. Шри Шри Рави Шанкар вели: „Сатсангот е место за одмор на умот и на духот.“ Зборот „сатсанг“ на санскрит значи „друштво на вистината“. Ако ја донесете личноста со која имате караници може да помогне да се поправи вашето пријателство. Лоцирајте ја сатсанг групата во ваша близина.

Смирете го умот со мудроста на јогата

Шри Шри Рави Шанкар, основачот на Уметност на живеење, дава увид во тоа зошто се караме. Шри Шри вели: „ Ќе се појави некое чувство во вас, непријатно чувство и вие си велите: Ова не требаше да дојде, не требаше да дојде!“ Две уникатни и посебни човечки битија често имаат различни очекувања на иста тема. Кога постои отпор кон одредена идеја, често настојуваме да избегаме од ситуацијата или стануваме агресивни. „Кога се спротивставуваш на нешто тоа се зајакнува“, вели Шри Шри. „Само набљудувај. Погледни, ох! Навлези длабоко во нештото.“ Отфрлањето на отпорот со нова, поинаква идеја може да ја спречи караницата.

Со самото потсетување да ги прифатиме несовршеностите, можеме да се договориме со самите себе да оставиме простор за несовршеностите и за караницата. Дозволено е да се случи. И се ќе биде во ред потоа. „Животот е движење од несовршенство кон совршенство“ вели Шри Шри. „Семето го содржи дрвото, но семето треба да престане да биде семе за да постане дрво. Семето не е совршено. Фиданката не е совршена. Значи, во животот можете или да гледате несовршенство на секој чекор или да гледате движење од едно совршенство до друго совршенство.“

Во областите често погодувани од урагани и циклони се израснати прекрасни палмови дрвја на брегот. Еве нешто што јас го нарекувам вежба „палмино дрво што се клати“: Замислете се себеси како палмино дрво што се клати под силата на ураганските ветрови. Палминото дрво се витка но никогаш не се крши. Со јога и медитација, со текот на времето, умот може да стане исто толку убав и еластичен како палмино дрво. Следниот пат кога бурата ќе почне пред караница, со јогата ќе бидете во состојба да поминете низ тоа со насмевка. Нештата може да се виткаат, но не мора да се скршат.

Последната трошка на јогистичка мудрост за љубовта: „Љубовта не е емоција, таа е нашето вистинско постоење“, вели Шри Шри. „Секогаш кога ќе почувствуваш дека љубовта ти е растресена од некој конфликт, исчисти ја. Биди индиферентен. Индиферентноста те носи отаде спротивставеностите на љубовта и омразата.“

Со малце увид и јога овие мудри зборови можеме да ги ставиме во пракса. Следниот пат кога облаците ќе се затемнат пред караница, преку јогата, учиме дека е возможно да поминеме низ тоа со насмевка. И тоа може да биде сосема доволно караницата да ја трансформираме во прегратка.

(Мерилин е јога ентузијаст која сака да ги вметнува нејзините инспирации за јога позициите и духовноста во нејзиното пишување и уметност.)