Yoga

Јога и управување со времето

Од Арати Сантанакришна

Дали го сакаш животот? Тогаш не си го троши времето; тоа е нештото од кое е направен животот. – Бен Франклин

Развивањето во целосно функционална возрасна личност за мене беше ништо помалце од голема авантура. Се преселив од дома на другата страна на планетата, далеку од семејството и пријателите, а истовремено од мене се очекуваше да готвам, чистам, да подучувам, спроведувам истражувања и да посетувам семинари, се во исто време. Се фрлив во сето тоа и пред да помине долго време до гуша бев заглавена во крајни рокови, листи со нешта кои треба да се завршат и со состаноци. Ги следев советите на различни експерти за управување со времето,  ги ставав активностите во квадранти, приоретизирав,планирав и организирав и планирав уште малце повеќе.

Како што деновите стануваа недели, а неделите месеци, сфатив дека ми треба повеќе време да ги завршам работите отколку што навистина ми беше потребно и дека листите со нешта кои требаа да се завршат постојано беа подолги на крајот на денот отколку на почетокот. Тогаш го завршив семинарот по Шри Шри Јога.  Научив многу корисни трикови, но најголемото нешто што го понесов со себе беше чувството на чист ентузијазам и динамичност кои што ги чувствував после секоја сесија. За три дена, после секое вежбање на јога, се наоѓав себеси како се чувствувам инспирирана и фокусирана преку целиот ден. Бев ефикасна и корисна и тоа без напор! Сакав да видам дали истиов феномен може да се постигне секој ден, решив да пробам неколку работи и тоа направи чуда! Еве ги советите што секогаш ги носам со себе; сега тоа е единствената листа што ја носам со мене

  • Добриот почеток е повеќе од половина завршена работа– започнете го денот со малку јога и медитација. Основните јога вежби за истегнувањеи загревање ме релаксираат, а медитацијата ме освежува, така што знам дека сум со целосно наполнети батерии и спремна да се фатам за костецот со остатокот на денот!
  • Ум кој вика: „ДА!“. Позитивниот став го поттикнува успехот, а јогата го поттикнува позитивниот став.
  • Чинот на балансирање – И јогата и управувањето со времето целосно се однесуваат на балансот/рамнотежата. Мојот учител по јога ме научи дека позициите кои што ги усвојуваме мора да бидат стабилни и удобни (Sthiramsukhamasanam). Се осигурувам дека мојот план за денот соодветно ме држи ангажирана, но и дека остава доволно простор за одмор и забава.
  • Интуицијата помага за добро поставување на приоритетите– Многу моќната јога техника, Поздрав на Сонцето (suryanamaskar) има голем број на придобивки, меѓу кои е и развивањето на вашата интуиција, вашето трето око. Ова ви помага да ги одберете вашите активности со мудрост и предвидливост.
  • Паѓање на енергијата после ручек– После ручекот нашето тело ја троши енергијата за варење на храната и ние имаме тенденција да се чувствуваме малку уморни и летаргични. Јога Нидра (Yoga Nidra) е како супер дремка. За помалку од дваесет минути се чувствувате длабоко одморени и посвежи отколку да пиете било каков енергетски пијалок, без било какви несакани ефекти од шеќерот или кофеинот.
  • Насмевка, насмевка, насмевка! Понекогаш на нештата им треба повеќе време отколку што очекуваме, денот се движи во непредвидливи насоки и има одложувања и промени во последен миг кои не можеме да ги спречиме. Но, како што би ме потсетил мојот јога учител додека се стремам да си го одржам телото во naukasana (позиција на брод), продолжи да се смееш!

(Жителка на Бангалоре со завршено високо образование во САД, Арати Сантанакришна е збир на ентузијазам, динамика и „да“ ум.  За време на нејзините докторски студии, Арати блесна како писател.)